CBAM софтвер за мониторинг, пресметка, известување и верификација на вградените CO₂ емисии
IntCO2 е софтверски CO₂ Data Management System за воспоставување верификабилен систем на податоци на производителот (операторот на инсталацијата), во согласност со CBAM правилата.
Зошто е потребен CBAM софтвер за производителите на производи од челик и алуминиум?
Од 2026 година пријавените вградени емисии на производите мора да бидат верифицирани од независен CBAM верификатор.
За успешна верификација веќе не е доволна само пресметката на емисиите. Производителот мора да има воспоставен Мониторинг План, документиран тек на податоци и систем на контроли, докажлива следливост на податоците и OER подготвен за проверка од верификаторот.
Без воспоставен верификабилен CBAM систем постои ризик вистинските вградени емисии да не бидат докажливи и прифатени во постапката за CBAM верификација. Во тој случај, ЕУ купувачот, во постапката на декларирање на вградените емисии на увезената стока и пресметка на сертификатите пред ЕУ органите, ќе примени дифолтни емисиони фактори на инсталацијата/прекурсорите за стоката на производителот, со што трошокот за сертификати значително ќе се зголеми.
Што опфаќа верификабилен CBAM систем на производителот?
-
Креирање Мониторинг план.
-
Моделирање на системот и правилата: корисници, каталог/граници на системот, мапирање на активности-пресметка-контроли на квалитетот на податоците.
-
Собирање, валидација и обработка на податоци од активностите: набавка – производство – продажба.
-
Пресметка на вградените емисии по извори и готови производи.
-
Audit trail, контрола на следливоста на прекурсорите и применетите емисиони фактори.
-
Контрола на квалитетот на податоците и идентификација на грешки за процена на материјалноста.
-
CBAM сертификати: пресметка/трошоци.
-
Извештаи: OER и O3CI.
-
Верификациски Data Room.
Зошто да го изберете IntCO2 решението?
-
Проектиран и целосно усогласен со CBAM прописите и принципите на верификација.
-
Cloud/локална инсталација, кастомизација и API интеграција.
-
Нашиот стручен тим прави gap анализа, мониторинг план и го конфигурира системот.
-
Автоматизиран систем во кој ангажманот на корисникот и можноста за грешка се минимални.
-
Обука и поддршка на јазикот на корисникот.
-
Верификациски Data Room за работа на независен верификатор.
-
Систем за управување со безбедноста на информации сертифициран според ISO/IEC 27001:2022
Како функционира IntCO2 решението?
IntCO2 е SaaS решение достапно преку годишна претплата, во cloud или како локална инсталација, со можност за кастомизација и интеграција со ERP и други информациски системи.
Приказ на интерфејсот. Вредностите се илустративни.
| Процес | Готов производ | CN | Клуч за алокација | Удел |
|---|---|---|---|---|
| Висока печка | Топло валан лим | 7208 | Маса на производот | 62,0 % |
| Конвертор | Ладно валан лим | 7209 | Маса на производот | 28,0 % |
| Валавница | Шипки, топло валани | 7213 | Енергетски внес | 10,0 % |
Приказ на интерфејсот. Процесите, производите и уделите се илустративни.
| Добавувач | Прекурсор | CN | Количина (t) | Статус |
|---|---|---|---|---|
| Metalurgija d.o.o. | Сурово железо | 7201 | 1 240,00 | Валидирано |
| Feroleg a.d. | Фероманган | 7202 | 86,50 | Валидирано |
| Nordmetal GmbH | Топло валан лим | 7208 | 318,20 | Недостасува емисионен фактор |
| Alumina d.o.o. | Глиница | 2818 | 644,00 | Валидирано |
| Trans-Steel Kft. | Ладно валан лим | 7209 | — | Количината не е внесена |
Приказ на интерфејсот. Имињата на претпријатијата и вредностите се илустративни.
| Готов производ | CN | Директни | Индиректни | Вкупно |
|---|---|---|---|---|
| Топло валан лим | 7208 | 1,742 | 0,286 | 2,028 |
| Ладно валан лим | 7209 | 1,918 | 0,341 | 2,259 |
| Шипки, топло валани | 7213 | 1,655 | 0,262 | 1,917 |
| Профили и шипки | 7216 | 1,703 | 0,271 | 1,974 |
Вредности во tCO₂e по тон производ.
Приказ на интерфејсот. Производите и вредностите на емисиите се илустративни.
Приказ на интерфејсот. Корисниците, датумите и вредностите се илустративни.
| Проверка | Опфат | Наод |
|---|---|---|
| Целосност на податоците за активности | 412 записи | Без наод |
| Конзистентност на билансот на маса | 4 процеси | Без наод |
| Емисиони фактори во очекуван опсег | 18 фактори | 2 предупредувања |
| Следливост на прекурсорите до добавувачот | 36 прекурсори | Без наод |
| Дупликати во влезните фактури | 412 записи | 1 наод |
Приказ на интерфејсот. Проверките и вредностите се илустративни.
| Готов производ | CN | Извоз (t) | tCO₂e | Трошок (€) |
|---|---|---|---|---|
| Топло валан лим | 7208 | 5 400 | 10 951 | 902 362 |
| Ладно валан лим | 7209 | 2 100 | 4 744 | 390 906 |
| Шипки, топло валани | 7213 | 1 800 | 3 451 | 284 362 |
| Профили и шипки | 7216 | 1 100 | 2 171 | 178 890 |
Приказ на интерфејсот. Цената на сертификатот и сите вредности се илустративни и не претставуваат прогноза.
Operator Emissions Report — инсталација, извори на емисии, готови производи, специфични вградени емисии.
Подготвено за извозПодатоци за производите и прекурсорите во формат за ЕУ увозникот, со референца на audit trail.
Подготвено за извоз| Секција од извештајот | Извор на податоци | Статус |
|---|---|---|
| Податоци за инсталацијата | Моја Компанија | Целосно |
| Извори на емисии и горива | Горива · Струја | Целосно |
| Прекурсори и синџир на снабдување | Добавувачи | Целосно |
| Специфични вградени емисии | Пресметка | Целосно |
Приказ на интерфејсот. Содржината на извештајот е илустративна.
Приказ на интерфејсот. Структурата на доказите и вредностите се илустративни.
Воспоставен автоматизиран CBAM Data Management System кој овозможува автоматизиран мониторинг на активности-пресметка на емисии-известување, модул за работа на верификаторот и успешна верификација.
Побарајте демо
Дознајте како IntCO2 може да го поддржи воспоставувањето на верификабилен CBAM систем во вашата организација.
На презентацијата ги прикажуваме функционалностите на платформата, методологијата на имплементација и модел прилагоден на вашите производи, производствени процеси и постојни информациски системи.
Партнери
Соработуваме со стручни и институционални партнери на развојот и имплементацијата на IntCO2 решението, промоцијата и едукацијата на компаниите во регионот на Западен Балкан.